дома ЗАБАВА Занимливости Како настанала песната за Ѓорѓи Мијакоски (Катиљ Ѓорѓи)

Како настанала песната за Ѓорѓи Мијакоски (Катиљ Ѓорѓи)

0

Ѓорѓи Мијакоски, или како што го викале  Катиљ Ѓорѓи, бил македонски револуционер, војвода и ајдутин, тој бил роден во Мариовското село Брник во 1875 година. Бил учесник во Илинденското востание, а подоцна станал и кмет на Брник. Го доживеал формирањето на македонската држава и починал во длабока старост.

За време на Првата светска војна, во Мариово, Бугарите покрај своите полициски и воени сили, врбувале и некои комити и арамии со свои групи, на кои им давале неограничена власт над селата, при што Ѓорѓи Мијак бил поставен за кмет во Брник. Грчките андарти, по кодошлак на нивните јатаци – семејството Кормаци од Мариово, ги убиле сите браќа на Катиљот, освен најмалиот, кој бил испратен како подарок на сестрата на грчкиот капетан, која била бездетна. Другите браќа биле заклани и закопани во дворот на некоја црква во Беломорска Македонија. Користејќи ја власта што му била дадена, а во знак на одмазда за семејната трагедија, Ѓорѓи Мијак жестоко им се одмаздил на грчките јатаци низ Мариово.Преземено од https://www.oldprilep.com/

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version