КОНОПОТ ВО УПОТРЕБА ЗА ПОСТЕЛНИНА И ОБЛЕКА ВО МИНАТОТО
Во педесетите години во минатиот век покрај афионот,тутунот,памукот,конопот беше многу застапена земјоделска култура и кај нас во скопско.
Сеењето на конопот е рано напролет, а за берба стасуваше за некоку месеци. Висината на стеблата достигнува и до неколку метри,по неговата берба во вид на врзани снопчиња се носеше на Вардар се потопуваше да отстои извесно време(една недела) со цел да омекне.
По овој процес конопот се чукаше, потоа со гребли се разбиваше стеблото од дрвена во влакнеста структура.
Така припремен коноп во вид на влакно одеше на понатамошна преработка од која се добиваше по пат на ткаење платно за облека,черги и други потреби за домаќинствата.
Инаку во долна конопна облека не било ни малку пријатно за носење, тој масовно се користел особено во посиромашните слоеви од население,зошто волната не била достапна за сите сепак таа била доста поскапа.
Со надоѓањето на вештачките влакна за ткаенини,конопот го изгуби приматот во производството.
