КРШАЛО-ОБЛОГА

0

Пресатавува постар метод на обложување помеѓу луѓето.

Денешниве генерации преоптоварени се со разни електронски методи на обложување ,  еве еден начин што го употребувале нивните дедовци и прадедовци како метод на опкладата-обложувањето.

За тој начин на обложување се користела градна коска од живината- кокошката, истата ја земаат две особи кои сакаат да се обложат и со кршење на истата што се смета дека отпочнува опклада помеѓу нив, пред тоа договорени се во што се кладат и дали одма или од утре почнуваат со опкладата.

Се верувало дека кај тој што ќе остане поголемото парче ,тој и ќе победи.

А, опкладата се состоела во тоа што ,едната особа да му подаде некој предмет , а другиот ако го земе редметот  без да каже  „ЗНАМ “ и при тоа особата која го дала предметот  извикува „ЈАДЕЦ“ значи дека особата која го зела предметот ја изгубила опкладата, односно „прелажана е“.

Имало случаи кога опкладата опстојувала и повеќе години без да се „ИЗЛАЖАТ“опкладените и договорно ја прекинувале опкладата ,дека веќе неважи затоа што„НЕ МОЖЕЛЕ ДА СЕ ИЗЛАЖАТ“

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version