ЉУБОТЕН

0

Љуботен со своите 2.498 метри, облик на пирамида и остри црти, широки пасишта опкружени со густа шума, неповторливо изгрејсонце… Љуботен е еден од највисоките врвови на Шара и претставува моќен призор без разлика дали го гледате од северната или јужната страна. Искачувањето по тесните планинарски патеки до самиот врв веднаш се претвора во чувство на задоволство и исполнетост штом ќе го здогледате врвот со Козја Стена! Под самиот врв се наоѓа познатиот планинарски дом „Љуботен“ изграден во 1931 година кој нуди сместување и од каде ќе ви бидат потребни околу час и половина да се искачите на врвот кој го нуди можеби најубавото изгрејсонце во Македонија!

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version