Продолжуваме со избор на највозрасни жители од нашата средина.
Наце Петрушевски ,роден на 12 јануари 1922 година е најстар жител во Бучинци и еден од постарите од сите села во нашава средина.

Со неговите 98 години, тој сеуште е активен со физички активности во својот дом и на својот имот.
Фотографијата од неговиот 98 роденден опкружен со свои најблиски.
Инаку Наце има три ќерки и еден син и повеќе внуци и паравнуци.