дома ЗАБАВА Занимливости СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ СЕЛАТА БАБИНО и ДЕДИНО

СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ СЕЛАТА БАБИНО и ДЕДИНО

0

   

Во Македонија од 1500-1600 села именувани се со разни имиња од место положбата-горно-долно,по старина старо-ново,по име на прводојдените,по некој необичен настан итн .

Денес Ви  преставиме две села со необични имиња с.БАБИНО и с.ДЕДИНО,кои  меѓусебно се оддалечени 169 километри 

                                                    БАБИНО

Легенди

Жителите веруваат во преданието за старицата од Бабино, која набркана од своите снаи, со години живеела сама длабоко во шумите на Илинска Планина. Протераната старица гневна на судбината го проколнала сиот женски род од својот крај на стари години да живее самотнички живот исто како неа. Оттука и верувањето како селото го добило името Бабино.

Според друга легенда, кога старите Римјани за првпат ја освоиле оваа територија, започнале со праксата на истребување на машкото население, со цел полесна асимилација и колонизација. Речиси сите жени од селото со малите дечиња побегнале во планините и таму живееле десетици години. Кога се вратиле да го обноват селото, сите веќе биле баби.

Бабино е село во Демирхисарско , на 18 километри оддалечено од Демир Хисар, на регионалниот пат Битола – Демир Хисар – Кичево. Распространето е на источниот дел на Плакенска Планина, покрај Бабинска Река, притока на изворишното сливно подрачје на Црна Река

 Бабино првпат се споменува во турските пописни дефтери од 1467 година со 27 семејства и 2 неженети, додека Дедино уште порано од тоа, се споменува во пишан запис од 1366 година кога била изградена познатата црква „Свети Стефан“ во Конче

 Во Бабино се наоѓа најголемата приватна библиотека во Македонија „Ал Би“ која брои повеќе од 20 000 книги

 Од Бабино потекнуваат 162 учители кои по Втората светска војна неуморно ја ширеле писменоста низ цела Македонија. Поради тоа е познато како село со најмногу книги и учители                            

                                                             ДЕДИНО

Потекло и значење на името

Според преданијата името го добило па некои дедо и внук кои живееле во оваа месност. Името на селото Дедино е многу старо со најстара потврда, запишано со истиот облик Дѣдино од 1366 година, а според научните толкувања тоа доаѓа од зборот дедо или личното име Дедо, Деде[ Имајќи предвид дека во постарите средновековни времиња, па и до денешни дни за свештеници и верски великодостојници – владики се вели дедо, поради средишната значајна местоположба можно е Дедино да било седиште и живеалиште на некој дедо- владика од каде го добило името Дедино – село, место.

 Дедино е село на превојот на планината Смрдешник, помеѓу Радовишкото Поле и горното течение на Крива Лакавица, оддалечено 10 километри од Радовиш

 Од Бабино до Дедино има точно 169 километри 

 Дедино важело за најреволуционерното село во Радовишко и во престојувале великаните Гоце Делчев и Јане Сандански. Во 1897 година во Дедино, се случило убиство на двајца собирачи на данок за тутунот, по што настанала познатата Дединска афера

 Во Дедино била изградена пушкарница, каде што биле лиени куршуми за потребите на Илинденското востание

 За разлика од Бабино кое последниве години почнува да ја добива смислата на своето име и во селото живеат уште неколку преостанати постари жители, Дедино е сѐ уште живо село со повеќе од 600 жители активно население

И на двете села жителите активно се приклучуваат во Илинденското востание

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version