дома ЗАБАВА Занимливости ПОВРШИНСКА СОЛ ВО МУСТАФИНО

ПОВРШИНСКА СОЛ ВО МУСТАФИНО

0

На многу места во  Овчеполието има солена почва,нотоа е доста  изразено  на Долги Рид над Мустафино, почвата е толку заситена што кристалите се јасно видливи на површината!

Ова пред се должина специфичното геолошко потекло на оваа котлина и поширокиот регион.

До пред 30 милиони години, за време на периодот наречен Еоцен, каде што денес е Балканскиот Полуостров се простирало морето Тетис.

Со издигањето на копната, тоа море исчезнало. Денес, некогашните морски седименти ја прават подлогата на Овчеполието, за што сведочи и соленоста на неговата почва.

Подземните води ги носат солите (претежно сулфати и хлориди) од таа подлога на површината и ја прават почвата солена. На таквите места се развива една посебна, таканаречена “халофитска” вегетација која ги формира едни од најнеобичните а воедно и најзагрозените растителни заедници во Македонија. Ваквите соли не се токсични,а  бунари и чешми во Мустафино, од кои што селаните пијат вода, имаат солен вкус благодарение на нив.

Ваква состојба со солена вода се сретнуваат и на неколку реони во скопска блатија.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version