дома ЗАБАВА Занимливости Водопади во Бродец –Скопска Црна Гора

Водопади во Бродец –Скопска Црна Гора

0

Бродечките водопади кај с.Бродец на Скопска Црна Гора. Станува збор за 3 мали водопади (4,5+3,0+3,5 м) на истоимената рекичка. Иако се мали по димензиите, природниот шумски пејсаж ги прави навистина атрактивни. Инаку, истите се оддалечени само 2 км (10-15 минути пеш) од асфалтниот пат на излезот од Бродец кон Рамно. По патот се поминува покрај етно-ресторанот Вила Елена, од кој се протега извонреден видик кон градот Скопје, а овде човек може нешто да касне или да се напие и тоа во традиционален амбиент и по достапна цена. Во близина пак, има многу извори, планински потоци, буен растителен свет, убави видиковци и сл. Затоа, секоја наша прошетка по Скопска Црна Гора ни претставува едно ново, интересно и пријатно доживување…
Преземено од Игео Портал

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version