дома Историјат Верски објекти Црква Пресвета Богородица- Скопје

Црква Пресвета Богородица- Скопје

0

По повод денешниот празник Воведение на Пресвета Богородица ,неколку интересни сознанија за Црковниот Храм Пресвета Богородица -Скопје

Пресвета Богородица Скопје до изградбата на Соборната црква Св. Климент Охридски,била најголема и најимпозантна црква во градот. Изградена во 1835 година, а работата ја започнал уште во 1809 година зографот Дамјан.

Прв ктитор на црквата бил Хаџи Трајко, а како спомагатели на црквата се споменуваат познатите скопски трговци: Јован Шишко кој подарил куќа и плац за изградба на храмот, потоа Трпе Патишкалија кој за таа цел подарил два дуќана, Петре Зелениковски подарил еден дуќан и меана и др.

Црквата била градена од делкан камен од скопската околина. Од надворешната страна била скромна, просечен базиличен тип со три брода, а западниот дел бил проширен со трем.

Црквата ја красел богат иконостас од мермер и ореово дрво со длабока резба на Светите Двери и богат архиерејски стол. Со материјалните средства на црквата “Света Богородица” и на добродетели од градот биле изградени две цркви “ќерки” , а тоа биле црквите “Свети Ѓорги” и црквата “Цар Константин и Царица Јелена”.

За време на Втората светска војна, црквата била запалена и не биле најдени остатоци од богатиот црковен инвентар-иконостасот, олтарот и др.

Темелите на преубавото камено здание во 1204 година ги поставил македонскиот средновековен владетел Добромир Хрс. Изградбата ја довршил неговиот син Срез десет години подоцна. Црквата „Света Богородица” во тоа издание постоела дури до 1688 година. Несреќата, која, навидум, ја добила битката со светата земја се случила со спалувањето на Скопје од страна на австрискиот генерал Пиколомини, кога по преданијата била урната од страна на турската војска.

Но, и тогаш, како и сега, скопјани силно верувале дека на црковното место се наоѓа домот на заштитничката на градот и дека на левиот кеј на Вардар никогаш нема да вирее ништо друго освен црква.

И вистина. Возобновена во 19 век, па спалена и брутално ограбена од окупаторите во 1944 година и, конечно, збришана од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, по долгогодишно искушеничко патешествие за Скопје, „Света Богородица” денес од истото место и со препознатлив и автентичен изглед, според верувањата, го штити градот од несреќи.

Приказна за необјаснивото и за чудното, но не и за невозможното. Приказна за илјадници скопјани на кои на сон им се појавила светицата и им го покажала светиот храм

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version