*СТЕФАН СИМОНОВСКИ –ИНСТРУМЕНТАЛИСТ НА КАВАЛ
Роден е во 17 јули 1997 г.,живее во Населба Илинден ,со основното образование се стекна во ООУ „Гоце Делчев“-населба Илинден.
Уште како мал пројавуваше ,а денес и ја оствари таа желба да свири на народни инструменти.
Кавалот како музички инструмент му е најомилен и со него веќе активно се дружи 4 години .
Потекнува од староседелскиот род Дончевци ,а љубовта кон фолклорот го наследил од неговиот татко Тони,кој беше долгогодишен фолклорист –играорец во КУД„Илинден“.
Стефан ,како фолклорист играорец ,а потоа и свирач на кавал за почна во Ансамлот за народни песни и ора „Илинден“ од Илинден .Потоа настапуваше во повеќе друштва од Скопје како: Владо Тасевски,Матми(младинскиот
Од бројните добиени награди сепак ја издвојува како најдрага наградата „Пеце Атанасовски“,за освоеното прво место од настапот на фестивалот за изворни песни и ора во Долнени,во 2014г..
Населба Илинден на Стефан му посакува успешна музичка кариера.
Првата слика солистички настап на Стефан,Втората од заедничкиот настап со Веле и Лепа Саздовски во Долнени и долната слика од настапот со ТОСКА во Србија.
