Стефан Симоновски

0
459

*СТЕФАН СИМОНОВСКИ –ИНСТРУМЕНТАЛИСТ НА КАВАЛ
Роден е во 17 јули 1997 г.,живее во Населба Илинден ,со основното образование се стекна во ООУ „Гоце Делчев“-населба Илинден.
Уште како мал пројавуваше ,а денес и ја оствари таа желба да свири на народни инструменти.
Кавалот како музички инструмент му е најомилен и со него веќе активно се дружи 4 години .
Потекнува од староседелскиот род Дончевци ,а љубовта кон фолклорот го наследил од неговиот татко Тони,кој беше долгогодишен фолклорист –играорец во КУД„Илинден“.
Стефан ,како фолклорист играорец ,а потоа и свирач на кавал за почна во Ансамлот за народни песни и ора „Илинден“ од Илинден .Потоа настапуваше во повеќе друштва од Скопје како: Владо Тасевски,Матми(младинскиотансамбл за традиционална музика и игра),Тоска и други со кои има настапувано на многу нивни настапи во земјата и странство.(Бугарија ,Србија ,Хрватска ),кади има освоено повеќе лични колективни награди.
Од бројните добиени награди сепак ја издвојува како најдрага наградата „Пеце Атанасовски“,за освоеното прво место од настапот на фестивалот за изворни песни и ора во Долнени,во 2014г..
Населба Илинден на Стефан му посакува успешна музичка кариера.
Првата слика солистички настап на Стефан,Втората од заедничкиот настап со Веле и Лепа Саздовски во Долнени и долната слика од настапот со ТОСКА во Србија.

Претходниот артикал,Малибу Бенд
Следната статијаАлександар Арсовски

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука