дома Култура Културно-уметнички настани и промоции МАРЈАН РИСТОВСКИ ,самоук уметник-вајар

МАРЈАН РИСТОВСКИ ,самоук уметник-вајар

0

МАРЈАН РИСТОВСКИ,живее во Марино-Илинден .

На 6 декември 2019 година во Домот на Култура Илинден –населба Илинден се одржа традиционалната уметничка изложба на уметници кои живеат или потекнуваат од Илинден.

Меѓу десетината редовни учесници на овие изложби редовен учесник со свои уметнички дела е и Марјан Ристовски.

Тој е редовен учесник  на  групните изложби што се одржуваат  во Домот на Култура –Илинден-2017,2018 и 2019г.  ,а неговите уникатни дела предизвикаат особено внимание меѓу поситителите,како единствени на изложбата .

На секоја изложба, се врши избор на учесник како најуспешен помеѓу две изложби и за кој организаторот –општината му организира самостална изложба во идната година .

Оваа година изложените дела на Марјан едногласно беа избрани за кои наредната година организаторот ќе му организира самостална изложба.


За изработка на уметничките дела користи(нерѓосувачки ) инокс метал и со неговите вредни и вешти раце и неговиот креативен ум, прави уметнички „чуда“од тој метал.

Ваквата изработка во уметноста припаѓа во уметничкиот стил Вајарство.

Инспирацијата за израбтка на уметничките дела му е разноврсна пред се ја црпе од верската иконографија и други историски личности и друго.

Во досегашното уметничко творештво на Марјан, металот му е основа за изработка на уметничките дела-скулптури.

Во последно време покрај металот Марјан започна да ги користи каменот и дрвото  за создавање на  уметнички  дела .

Каменот како материјал го пронашол во реката Пчиња, дрвената резба ја извел на  дабово дрво старо 200 години

Населба Илинден на Марјан му посакува успешно творештво!

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version