дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН-8 Декември

НА ДЕНЕШЕН ДЕН-8 Декември

0

* 8 декември 2000.- Во Охрид е поставен камен-темелникот за обнова на црквата „Свети Пантелејмон“, која свети Климент ја изградил во 893 година.Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, прв оригнален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, заштитник на Охрид е назначен за прв словенски епископ на Балканот. – Ден на свети Климент Охридски, патронен празник на Македонската православна црква.

 * 8 декември 1944 година се одиграл првиот натпревар на ослободената територија помеѓу “Македонија” и фудбалската селекција  на корпусот за народна одбрана на Скопје..

* 8 декември 1940г.На родителскиот состанок во гимназијата во Прилеп изразен е револт против  одлуката на гимназијата со која се забранувало учениците  да го употребуваат македонскиот  и требало  да го употребуваат српскиот јазик во наставата .

* 8 декември 1948. – Во Лерин три жени Македонки од селото Екши – Су, Леринско, беа обвинети за соработка со НОФ и со партизаните, за што беа осудени на смрт и стрелани.

*8 Декември 1948 роден е Виктор Габер — македонски дипломат.
*8 Декември 1961роден е  Ермис Лафазановски — македонски раскажувач.
*8 Декември 1962 роден е Џеват Адеми — македонски политичар.
*8 Декември 1980 роден е  Ќемал Аломеровиќ — македонски фудбалер.
* 8 Декември 1984 роден е Златко Даскаловски — македонски ракометар.

* 8 декември 1961.- Во Клуж, Романија, е роден Ермис Лафазановски, македонски современ писател, доктор по филолошки науки, член на Друштвото на писателите на Македонија, претседател на македонскиот ПЕН-центар. Дела: „Половина божилак“, „Кога во Скопје ги беа измислиле чадорите“, „Опишувач“, „Храпешко“, „Историја на луѓето кои умреа од страв“.  Носител е на наградата за проза на ДПМ „Стале Попов“.

* 8 декември 1993.- Во Скопје, од 9 до 11 декември, во Универзалната сала, се одржа Првиот интернационален фестивал на ромската музика „Шутка фест“.

* 8 декември 1995.- Во Лондон почна дводневната конференција на која наместо да се основа женевска Мировна конференција за поранешна Југославија, основан е Совет за остварување мир во 40 земји, вклучувајќи ја и СРЈ. За висок претставник  на меѓународната заедница во поранешна Југославија е избран шведскиот дипломат Карл Билт.

*8 декември 2001.- Од подметнат пожар изгоре црквата во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“ во Мала Речица, Тетовско.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version