Стари објекти

0

Во населба Илинден сигурно има повеќе од 1000 семејни индивидуални куќи и други помошни објекти, речиси сите тие  со исклучок на четири, изградени се после земјотресот во 1963 година.

Насловната слика од објектот е од 1959 година.

Во тие четири објекти од предземјотресниот период се две индивидуални семејни куќи, од кои едната не е во употреба, а  другата  сеуште служи за  таа намена.

Другите  два објекта се од областа на стопанството .

НЕКОГАШНАТА СЕМЕЈНА КУЌА НА КИРО ДОНЧЕВСКИ-ДЕНЕС

Денес ќе Ви ја преставиме семејната куќа на Киро Дончевски, денес во владение на неговите потомци, истата се наоѓа во рунуирана состојба и веќе не e во употреба.

Куќата е стара 100-на години, куќа во која се изродиле многу деца, во која се направиле многу свадби,крштевки,слави   и други веселби.

Куќа на чиј покрив низ времето се изведени многу генерации млади штркчиња.

Денес, некако „потклекната“ги преживува тешките денови на нејзиното опстојување,притисната од сопствената тежина и од временските влијанија(забот на времето), доколку не се преземе нешто истата тешко да опстане .

Инаку, куќата се наоѓа до Црковниот Храм Св.Константин и Елена во населба Илинден.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version