-7 февруари 1876.- Во Цариград умре Партенија Зографски, прв македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни работници од 19. век во Македонија и прв македонски митрополит. Роден е во Галичник,во 1818 година.

-7 февруари 1908 година во месноста Трнка кај селото Долна Рибница, Петричко, во борба со турскиот аскер загинал Мануш Ѓорѓиев Турновски. Бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација
7 февруари 1928 г. во Софија умира македонскиот револуционер и кратовски војвода Славчо Абазов (Злетово, Пробиштипско) Учествувал во подготовките за Илинденското востание, војувал за време на Балканските војни. Во јули 1918 година, Славчо бил назначен за член на окружната постојана комисија во Куманово и водел голема грижа за да го овозможи прехранувањето на наслението. Учествувал во основањето на Илинденската организација и бил прв нејзин благајник.
-7 февруари 1938г. роден е Петар Глигоровски — македонски сликар.
-7 февруари 1942г. родена е Марија Воденска — македонски поет и романсиер.
–7 февруари 1944.- Кај селото Биљача, близу до Куманово, во борба против бугарската војска и полиција, покрај другите, загина и Христијан Тодоровски – Карпош, народен херој на социјалистичка Југославија, од Македонија. Роден е во Куманово, на 3 септември 1921 година.
–7 февруари 1971.- Жените во Швајцарија на рефереднум добија право на глас.
–7 февруари 1973.- Во Скопје умре Никола Мартиноски, македонски ликовен уметник, педагог и академик, име кое четири децении беше едно од најдобрите репрезенти на македонската уметност пред светот. Тој е еден од основачите и прв директор на Уметничкото училиште во Скопје. Неговите уметнички дела се наоѓаат во колекциите на повеќе музеи и галерии, како и во голем број приватни колекции во земјата и во странство. Роден е во Крушево, на 15 август 1903 година.
-7 Февруари 1992 г ЈНА се повлече од
Република Македонија кој станува независна држава за прв пат во илјада години. При ова ЈНА ги
остави само ѕидовите од касарните
Од 12 до 16 милијарди евра вредело сѐ што
Југословенската армија изнела при повлекувањето од Македонија, вели генералот Митре Арсовски, кој за овие настани има напишано и
книга, „Хронологија на еден неминовен распад.
–7 февруари 1995.- Во Скопје умре Шишман Ангеловски, македонски драмски и телевизски актер. Роден е во Битола, во 1937 година.