дома Култура Литература и Уметност ПРВА САМОСТАЛНА ИЗЛОЖБА НА СНЕЖАНА КОЛЕВСКА

ПРВА САМОСТАЛНА ИЗЛОЖБА НА СНЕЖАНА КОЛЕВСКА

0

ПРВА САМОСТАЛНА ИЗЛОЖБА НА СНЕЖАНА КОЛЕВСКА
Вчера, 20 јуни 2018 година во НУ Центарот за култура во Крива Паланка се одржа Првата самостална изложба на Снежана Колевска
Дваесет дела во разни формати од уметницата Снежана Колевска од Скопје се изложени од синоќа во изложбениот простор на Национална установа Центар за култура Крива Паланка. Делата се работени во техника масло на платно, а специфични се по начинот на изработка, зашто Колевска слика со прсти, наместо со четка.
Ова е прва самостојна изложба на Колевска, која ја реализира кривопаланечкиот Центар за култура како проект поддржан од Министерство за култура. Честитки за креативните моменти сублимирани под насловот „Моите погледи се некаде залутани”, и посакувам да направи бројни изложби во иднина“, рече Вања Јакимовска, директор на НУ Центар за култура, Крива Паланка.
Колевска талентот од детството го негува низ животот учествувајќи на бројни ликовни конкурси, каде освојува награди и признанија, а оваа самостојна изложба следува по учеството на неколкуте групни изложби.
Од НУ Центар за култура, Крива Паланка истакнаа дека изложбата во соработка со центрите за култура од Североисточниот регион ќе биде претставена и во соседните општини, а подоцна и во останатите градови од Македонија. преземено од https://www.facebook.com/mkdportal/
Населба Илинден на Снежана и посакува да и се множат изложбите и воедно констатира дека уметничкото семе што го „посеја“ Академскиот сликар Новица Трјковски со одржување на групни изложби за уметници кои живеат или потекнуваат од Илинден,веќе ги даваат првите плодови.
Досега произлегоа три самостални изложби на наши сограѓани,редовни учесници на тие изложби,што традиционално веќе се одржуваат во домот во култура во Илинден, а меѓу нив е и Снежана Колевска.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version