дома СПОРТ Млади спортисти Злато за сестрите Илина и Ева Соколовски

Злато за сестрите Илина и Ева Соколовски

0

Уште по едно злато за сестрите Илина и Ева Соколовски.-делумно преземено одhttps://vistina.com.mk/
За сестрите Илина и Ева Соколовски ќерки на наши сограѓани кои престојуваат во Германија до сега направени се многу објави во многу пишани и електронски медиуми ,но како што стојат работите за нив уште уште повеќе ќе се пишува.
Илина и Ева веќе можеме да ги наречеме спортски амбасадорки на Македонија Македонските спортски амбасадорки, оваа сезона на натпреварите во ритмичка гимнастика ја завршија со уште по едно злато.
И двете на натпреварите минатата недела го освоија првото место во републичкиот натпревар во Германија и сега заслужено заминуваат на одмор во Скопје, родниот крај на нивните родители.
Илина викендот победи на последниот летен натпревар што се одржа во градот Минтер, Германија, и го освои пехарот од 21 натпреварувачка, колку што учествуваат во групата до 12 години. Таа има 11 години, но заради талентот и знаењето цела година се натпреварува со поголема група.
Овој пехар доага веднаш по првиот интернационален, кој се одржа на почетокот на месецот во Украина, каде исто така го освои златото и беше прогласена за- принцеза на Украина.
Ева, пак, која има 9 години во нејзината група исто така го освои златото. Таа годинава имаше шест натпревари во Германија и на сите шест го освои првото место.
Илина и Ева се гордост на Германија, иако се уште настапуваат со македонски пасош.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version