СА-ТРА, Првиот приватен сервис за коли, кој во Илинден е отворен во далечната 1993 година, го отворил Трајче Трајковски.По неговото пензионирање, сервисот го раководат неговите синови Саше и Зоран, денес прерасна во реномирана компанија за поправка на сите видови моторни возила.
Сервисот врши лимарски поправки, исправување на шасии, репарација на разни комори на приколици и друго.
”СА-ТРА” преставува сервисно продажен сервис за комплетно репарирање и поправка на патнички и товарни возила. Располага со опрема за електронска дијагноза од врвни светски системи. Во сервисот се вработено млади стручњаци од повеќе профили.

Покрај погоре наведените дејности ,компанијата денес произведува и:
☑️Изработка фриго боксови;
☑️Продолжување на шасии;
☑️Надградби на шасии;
☑️Пренамена на возила;
☑️Термо-изолација на возила.
Ништо не е невозможно за нивиот стручен тим!
Неодамна го пуштија како нов производ во употреба првото УАЗ фриго возило за потребите за транспорт на млеко и млечни производи и други специјални наменски возила.