ЗАНАЕТЧИСТВОТО од 1945 до денес

0

 Занаетчиството како гранка не било доволно привлечно за населението во Илинден во годините по ослободувањето во 1944 година. Причините за тоа биле немањето на доволен број лица заинтересирани за оваа дејност, бидејќи целото население, воглавно, се занимавало со земјоделие и сточарство. Од друга страна, пак, населението потребата од занаетчиски услуги ги задоволувале највеќе во поголемиот број дуќани во Скопје. По изградбата на Домот на кулутурата “Илинден” во Илинден (тогаш с. Белимбегово) во 1949 година, започнале да се организираат курсеви за неколку занаетчиски професии како што биле фотографи, трактористи,автомеханичари за земјоделската механизација, бербери итн. Другите ретки занаетчии кои работеле на своите занаети во годините по војната воглавно биле мајстори кои својот занает го стекнале во периодот меѓу двете светски војни. Првите познати занаетчии од Илинден биле терзиите, односно, подоцна, посовремените кројачи (шнајдери). Познати терзии од Илинден во тоа време биле: Трпе, Димче и Николе Шкодреви, Богоја Пиличковски, Цане Пурчев, Димче Бејтовски идруги. Прв посовремен мајстор кројач бил Крсте Велковски (Гауров).

Тој, набргу станал познат мајстор, кај кого почнале кројачки услуги да бараат и жители од околните села. По ослободувањето, како добар мајстор, Крсте бил примен на работа во некое државно претпријатие за шиење и кроење во Скопје. Но, по барање на новофоромираната СРЗ, бил вратен во селото да работи за потребите на задругата. Во 1950 година свој кројачки дуќан отворил и Санде Велиновски, кој во Илинден работел до 1985 година. Во 1980 година бил отворен уште еден кројачки дуќан во сопственост на Драги од Идризово, кој во селото работел до 1990 година.

Меѓу првите занаетчии во Илинден бил и Трпе Џиковски -Павловски. Тој бил ковач, а ги поправал и арабаџиските коли и чезите на селаните од околните селски населби. Во 1945 година, во Илинден бил изграден млин за мелење брашно, наменет претежно за потребите на население од селото и околните населени места.

 Млинот го отворил Гашо од Маџари. По него, се промениле уште неколку сопственици, од кои најдолго се задржале двајца браќа од Злокуќани. Околу 1960 година била отворена и првата фурна за печење леб во сопственост на фурнаџијата Мите. Во тоа време, во селото се појавил и занаетчија

Милиќ Станковиќ, кој плетел зембили и трска (рогузини) за таваните на новоизградените куќи. Покрај напред споменатите занаетчии, да го спомнеме и Петко Марковски кој се занимавал со ташнарска и сарачка занаетчиска дејност.

Првата берберница во Илинден била отворена во 1965 година, а нејзин сопственик бил Цане Стојмановски. Карактеристично за нејзе било тоа што таа била секогаш полна со луѓе, кадешто се разменувале и воделе разговори и коментари особено за фудбалот и за ФК “Илинден”. Во 1979 година се отворил и стаклорезачки дуќан кој, потребите од оваа дејност за месното население ги задоволувал до 1985 година.

 Порано, со стаклорезачка дејност се занимавал Трајко од Марино, кој, во селото доаѓал на повик од месното население. Во 1970 година од областа на дрводелството била отворена столарската работилница на Димитар Ристовски-Мице, која благодарение на упорноста и квалитетот на извршените услуги, со тек на време прерасна во голема компанија од областа на производство и амбалажа на дрво, позната под името „Три Мил Р“.

 Во наредните години се отвориле и други занатчиско-услужни работилници, меѓу кои биле: Браварската раболница на Ѓоко Велковски, “Греењемонт” на Здравко Крстевски, “Џајо Ком ДООЕЛ”, “Брсјак ДООЕЛ”, Млиновите “Цимел” и “Алком”, “Студио Сузе”, “КОЗ”, Фризерско студио “Стиле”, Автолимар-лакер “Дац”, Берберниците „Столе“, „Цацко“и други.

За разлика од тоа време, денес во населба Илинден занаетчиството е во постојан подем и истото е многу развиено особено во однос на сервисирање и одржување на моторни возила.

Од областа на електричарски услуги на нашата територија најпозната е фирмата Електро –Микица  во сопственост на семејството Димовски од Ајватовци,која успешно дејствува неколку децении.

Од областа на чевларството долги години успешно дејствува чевларскиот дуќан „Жиле“-Марино.

 Во Илинден,денес постојан повеќе занаетски сервиси кaко: “НИКИ–ИНВЕСТ “СА-ТРА”. “МАН”, “СТИВ”, “УНИВЕРЗАЛ,Автомеханичарските сервиси на Борче Ангеловски„Ангеловски“ и Ацо Саздовски и други.

Објавата е отворена за дополна и корекција , по порака.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version