За разлика од тоа време, денес во населба Илинден занаетчиството е во постојан подем и истото е многу развиено особено во однос на сервисирање и одржување на моторни возила. Еден од овие сервиси, кој повеќе од 15 години работи во населба Илинден, е Сервисот “НИКИ–ИНВЕСТ”. Овој сервис е застапник на светски реномираните брендови на гуми и тоа: Мицхелин, Цонтинентал, Спротива, Нокиаон, Гоодѕеар, Сава, Дунлоп, Корморан, Деутон и други. Покрај ова, во сервисот се врши и демонтирање, монтирање, балансирање и лепење на сите видови на гуми. Истовремено, сервисот располага и со перална, но, и со посебни простории за хемиско чистење и полирање на сите видови на возила, камиони и автобуси. Првиот приватен сервис за коли, кој во Илинден, во далечната 1993 година, го отворил Трајче Трајковски, е сервисот “СА-ТРА”. Т. Трајковски, откако неговата работна организација ФАС 11-ти Октомври, во која тој дотогаш работел, била затворена, своето знаење од оваа област го искористил за отварање на сопствен сервис за автолимарски и автолакерски работи. Истиот сервис, под раководството на неговите синови Саше и Зоран, денес прерасна во реномирана компанија за поправка на сите видови моторни возила. Сервисот врши лимарски поправки, исправување на шасии, репарација на разни комори на приколици и друго. На 2 октомври 2013 година, сервисот свечано го одбележи своето успешно 20 годишно работење. Оваа година беше промовирана и соработката на “СА-ТРА” со “СКАНИЈА”, позната компанија за производство на камиони и автобуси од Шведска. Денес ”СА-ТРА” преставува сервисно продажен сервис за комплетно репарирање и поправка на патнички и товарни возила. Располага со опрема за електронска дијагноза на системите ЊАБЦО, КНОРР-БРЕМСЕ и ХАЛДЕЏ. Во сервисот се вработено 40 стручњаци од повеќе профили.
