ГОЦЕ ДИМИТРИЕВСКИ- Нуркач,Спелеолог ,Алпинист, Падобранец ,возач „ of-rroad “и мото крос и… Единствениот жител од Илинден, кој се занимава со најекстремните и најопасните спортски и хоби активности и тоа „онака“ од хоби, љубопитност , љубов и мерак кон истите.
Спелео- нуркачот Гоце Димитриевски роден е на 26.09.1982 во Ајватовци-Илинден,каде и денес живее. На 19 годишна возраст односно 2001-ва ја оснива компанијата за противпожарна опрема Пастор Лукс-Илинден.
Дел од неговите активности се вбројуваат како спортски ,а дел како хоби активности.
Малку интересно и чудно на човек кој израснал во Ајватовци, на „сува рида без вода“и да му се роди толкава љубов кон екстремно опасните спортски и хоби активности ,поврзани со водите, и други опасни места.
Поради конфигурацијата на Ајватовци ,тоа е едно од најпогдните места за параглајдерство ,гледајќи ги секојднево прелетите на параглајдерите над неговото село, му се вродила љубов кон екстремни спортови особено кон подобранството. Но за неговата љубов кон водите, нема некое особено објаснување ,затоашто во Ајватовци во времето кога тој е роден и растел ,дури и за пиење вода тешко се наоѓаше.
Од 2009 година е член на нуркачкиот клуб: Scuba Diving Macedonia каде се стекнува со повеке сертификати мегу кој и “Divemaster”. Во 2013та станува и член на спелео нуркачкиот клуб *ВРЕЛО* од каде почна љубовта кон истражување на подводните пештери и се стекнува со сертификат: “Intro to Cave Diver” .Покрај нуркањето активно се занимава и со: Спортско качување, алпинизам, спелеологија, падобранство, скијање, планинарење, мото крос, возење “off-road” и сл.
Моментално активно работи на истражување на новооткриената подводна пештера на Матка како и во повеке пештери во и надвор од Македонија.До сега има повеќе од 300 зарони од 10 до 50 метри длабочина ,хоризонтално во подводната пештера до 500 метри ,а во комбинирана 1100 метри За неговата ангажираност во разни состојби и интервенции има добиено голем број признанија,пофалници и благодарници.
Во 2015година се стекна со сертификат за завршена обука во Босна и Херцеговина за спасување и извлекување на лица во екстремни услови провалии,пештери,вертикани
Населба Илинден на Гоце му посакува добро здравје и уште многу успешни подвизи поврзани со неговите спортски и хоби активности.
