-16 март 1987.- Од Железничката станица во Скопје тргна првиот воз на електричен погон на магистралната пружна делница Скопје – Гевгелија.
–16 март 1873 г. Гуменџа,роден е Михаил Чаков.
Во 1897 година, под влијание на Даме Груев и Пере Тошев станува член на ТМОРО, но и еден од најблиските другари на Гоце Делчев. Во текот од 1899/1900 година Михаил Чаков се придружува на четата на Михаил Апостолов Попето, со која ги обиколува Воденско и Ениџевардарско. Во летото 1900 година, како самостоен војвода со чета од 5-6 души, меѓу кои Алексо Поројлијата и Сотир Џумајлијчето, го обиколува реонот на Порој, Егејскиот дел на Македонија. Како самостоен војвода дејствува во Петричко во текот на 1901/1902 година, а во Драмско и Серско во 1903/ 1904 година.
Според спомените на војводата Чаков, тој бил непосреден сведок на битката кај Баница Серско, во која на 4 мај 1903 година загина апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев. Опишувајќи го настанот Чаков си спомнува дека Гоце простум ја полнел пушката и откако му свикал да се засолни, на самото легнување еден куршум го пронижал во левата града и дека паднал врз својата пушка. Меѓудругото Чаков ќе напише: „Гоце лежеше ничкум. По заповед на командирот, војниците ги превртиле убиените. При превртувањето на Гоце, командирот Тефиков, Кукушанец, пријател на Делчев од детството, веднаш го познал и рекол: Ете, то е Делчев! Еден војник, кој бил до трупот, нервозно скокнал и замавнал со бајонетот кон главата на Гоце. Тефиков бесно го турнал и наредил веднаш да се казне.“
Сепак, најголемото значење на Чаков е сочувувањето на коските на Гоце. Најпрвин, нивното преселување во олтарот во црквата „Св. Никола“, а потоа и нивното пренесување во неговиот дом во Софија, а потоа и предавање на Илинденската организација, што во 1923 година и ќе биде филмувано. . Починал на 17.09.1938 г. Софија, Бугарија
-16 март 1956.- Во Скопје излезе првиот број на весникот „Народна просвета“, весник на културно-просветниот и општествениот живот.

-16 и 17 март 1957г.наставата во училиштето во Илинден беше прекината поради епидемија на грип.На сликата генерации родени 1945/46 ,со учителката Персијана ,училиштето се наоѓаше каде што е денес Амбулантата во населба Илинден.