НА ДЕНЕШЕН ДЕН-16 MАРТ

0
93

-16 март 1987.- Од Железничката станица во Скопје тргна првиот воз на електричен погон на магистралната пружна делница Скопје – Гевгелија.

16 март 1873 г. Гуменџа,роден е Михаил Чаков.
Во 1897 година, под влијание на Даме Груев и Пере Тошев станува член на ТМОРО, но и еден од најблиските другари на Гоце Делчев. Во текот од 1899/1900 година Михаил Чаков се придружува на четата на Михаил Апостолов Попето, со која ги обиколува Воденско и Ениџевардарско. Во летото 1900 година, како самостоен војвода со чета од 5-6 души, меѓу кои Алексо Поројлијата и Сотир Џумајлијчето, го обиколува реонот на Порој, Егејскиот дел на Македонија. Како самостоен војвода дејствува во Петричко во текот на 1901/1902 година, а во Драмско и Серско во 1903/ 1904 година.
Според спомените на војводата Чаков, тој бил непосреден сведок на битката кај Баница Серско, во која на 4 мај 1903 година загина апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев. Опишувајќи го настанот Чаков си спомнува дека Гоце простум ја полнел пушката и откако му свикал да се засолни, на самото легнување еден куршум го пронижал во левата града и дека паднал врз својата пушка. Меѓудругото Чаков ќе напише: „Гоце лежеше ничкум. По заповед на командирот, војниците ги превртиле убиените. При превртувањето на Гоце, командирот Тефиков, Кукушанец, пријател на Делчев од детството, веднаш го познал и рекол: Ете, то е Делчев! Еден војник, кој бил до трупот, нервозно скокнал и замавнал со бајонетот кон главата на Гоце. Тефиков бесно го турнал и наредил веднаш да се казне.“
Сепак, најголемото значење на Чаков е сочувувањето на коските на Гоце. Најпрвин, нивното преселување во олтарот во црквата „Св. Никола“, а потоа и нивното пренесување во неговиот дом во Софија, а потоа и предавање на Илинденската организација, што во 1923 година и ќе биде филмувано. . Починал на  17.09.1938 г. Софија, Бугарија

-16 март 1956.- Во Скопје излезе првиот број на весникот „Народна просвета“, весник на културно-просветниот и општествениот живот.

-16 и 17 март 1957г.наставата во училиштето во Илинден беше прекината поради епидемија на грип.На сликата генерации родени 1945/46 ,со учителката Персијана ,училиштето се наоѓаше каде што е денес Амбулантата во населба Илинден.

Претходниот артикал,Другарки од основно училиште
Следната статијаЗа лековитоста на Моштите на Св. Климент

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука