дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН -17 Декември

НА ДЕНЕШЕН ДЕН -17 Декември

0
  • 17 декември во 1871 г. во с. Смилево, Битолско,роден е македонскиот револуционер Дамјан (Даме) Груев. Своето образование го стекнал во Смилево, Битола и Солун а потоа во Белград и Софија. Бил учител во Смилево (1891/92), во Прилеп (1892/93), коректор на печатницата на Самарџиев во Солун (1893), учител во Штип (1894/95, училишен инспектор во Солун и пак учител во Битола.Тој е иницијатор и учесник при формирањето на ВМОРО во Солун на 23 октомври 1893 г. и е избран за секретар-касиер на Ц.К., но фактички тој е главниот раководител на организацијата во внатрешноста. Во 1897/1898 г. е интерниран од Солун во Битола. Поради таканаречената попставрева афера во Битола на 6 август 1900 г. е уапсен и осуден на 10 г. затвор. Пролетта 1903 г. е амнестиран. На Смилевскиот конгрес во април 1903 год. е избран за член на Главниот штаб на востанието во Битолскиот револуционерен округ. После востанието останува во Македонија и се зафаќа со обновување на разнишаните основи на Организацијата. Во октомври 1905 г. учествува на Рилскиот конгрес и е избран за член на ЦК на ВМОРО.
  • 17 декември 1929 г. свечано е отворен офицерскиот дом во Скопје ,кој се сруши во земјотресот во 1963г.
  • 17 декември 1924г. Француското инжењерство врши авионски премер на скопска околија.
  • 17 декември 1952.- Во Штип е роден Блаже Китанов, македонски писател. Завршил Филолошки факултет во Скопје. На истиот факултет магистрирал и докторирал. Професор на Педагошкиот факултет „Гоце Делчев“ во Штип. Бил главен и одговорен уредник на списанието „Дело-74“ од Штип. Член е на ДПМ од 1998 година. Автор е на книгите: „Од пејзажот кон човекот“, „Во подножјето на огнот“, „Импресии и погледи ,„Ацо Шопов – живот и дело“ (монографија).
  • 17 декември 1962.- Во Скопје умре Крсто Гермов – Шаќир војвода, македонски револуционер, прилепско-мариовски војвода, учесник во Илинденското востание и во Балканските војни. По ослободувањето на Македонија стана народен пратеник и како најстар пратеник, на 1 септември 1946 година, во Скопје го отвори Првото заседание на Македонското народно собрание. Роден е во Прилеп, во 1876 година.
  • 17 декември 1987.- Во Скопје умре примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски, прв примариус и прв специјалист по општа медицина во Македонија. Учествуваше во НОВ, беше член на АСНОМ, секретар на Владата на НР Македонија и помошник министер за народно здравје. Со својот труд даде огромен придонес за развој на здравството во Македонија. Роден е во Свети Николе, во 1911 година.
  • 17 декември 1993.- Финска ја призна Република Македонија. Претседателот Мауно Коивисто го објави признавањето на службен прием и му врачи акт и го овласти Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со Македонија.
  • 17 декември 1993.- Во Лас Вегас, во Невада, САД, Фудбалскиот сојуз на Македонија е примен за придружен член на Светската фудбалска федерација (ФИФА).
  • 17 декември2005.- Европскиот совет и додели на Република Македонија статус кандидат за членство во Европската унија.
  • 17 декември 2017г, почина Стамен Филипов, правник во пензија, познат и како човекот кој поднесе најмногу иницијативи пред Уставен суд на Република Македонија за преиспитување уставноста на многу закони и законски решенија.Филипов до судот, во текот на своите пензионерски денови поднесе 1200 претставки , од кои дури 308 му биле прифатени.Филипов беше пензиониран правник од АРМ со чин потполковник и уживаше голема почит меѓу своите колеги. Тој пред Уставен суд ги оспоруваше Законот за лустрација , законот за измени на ДДВ, и многу друг.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version