17
декември во 1871 г. во с. Смилево, Битолско,роден
е македонскиот револуционер Дамјан (Даме) Груев.
Своето образование го стекнал во Смилево, Битола и Солун а потоа во Белград и
Софија. Бил учител во Смилево (1891/92), во Прилеп (1892/93), коректор на
печатницата на Самарџиев во Солун (1893), учител во Штип (1894/95, училишен
инспектор во Солун и пак учител во Битола.Тој е иницијатор и учесник при формирањето на ВМОРО во Солун на 23
октомври 1893 г. и е избран за секретар-касиер на Ц.К., но фактички тој е
главниот раководител на организацијата во внатрешноста. Во 1897/1898 г. е
интерниран од Солун во Битола. Поради таканаречената попставрева афера во
Битола на 6 август 1900 г. е уапсен и осуден на 10 г. затвор. Пролетта 1903 г.
е амнестиран. На Смилевскиот конгрес во април 1903 год. е избран за член на
Главниот штаб на востанието во Битолскиот револуционерен округ. После
востанието останува во Македонија и се зафаќа со обновување на разнишаните
основи на Организацијата. Во октомври 1905 г. учествува на Рилскиот конгрес и е
избран за член на ЦК на ВМОРО.
17 декември 1929 г. свечано е отворен офицерскиот
дом во Скопје ,кој се сруши во земјотресот во 1963г.
17 декември 1924г. Француското инжењерство врши
авионски премер на скопска околија.
17 декември
1952.- Во Штип е роден
Блаже Китанов, македонски писател. Завршил Филолошки факултет во
Скопје. На истиот факултет магистрирал и докторирал. Професор на
Педагошкиот факултет „Гоце Делчев“ во Штип. Бил главен и одговорен уредник на
списанието „Дело-74“ од Штип. Член е на ДПМ од 1998 година. Автор е на книгите:
„Од пејзажот кон човекот“, „Во подножјето на огнот“, „Импресии и погледи ,„Ацо
Шопов – живот и дело“ (монографија).
17
декември 1962.- Во Скопје
умре Крсто Гермов – Шаќир војвода, македонски револуционер, прилепско-мариовски
војвода, учесник во Илинденското востание и во Балканските војни. По
ослободувањето на Македонија стана народен пратеник и како најстар пратеник, на
1 септември 1946 година, во Скопје го отвори Првото заседание на Македонското
народно собрание. Роден е во Прилеп, во 1876 година.
17
декември 1987.- Во Скопје
умре примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски, прв примариус и прв специјалист по општа
медицина во Македонија. Учествуваше во НОВ, беше член на АСНОМ, секретар на
Владата на НР Македонија и помошник министер за народно здравје. Со својот труд
даде огромен придонес за развој на здравството во Македонија. Роден е во Свети
Николе, во 1911 година.
17
декември 1993.- Финска ја
призна Република Македонија. Претседателот Мауно Коивисто го објави
признавањето на службен прием и му врачи акт и го овласти Министерството за
надворешни работи да воспостави дипломатски односи со Македонија.
17 декември
1993.- Во Лас Вегас, во
Невада, САД, Фудбалскиот сојуз на Македонија е примен за придружен член на
Светската фудбалска федерација (ФИФА).
17
декември2005.- Европскиот
совет и додели на Република Македонија статус кандидат за членство во
Европската унија.
17 декември 2017г, почина Стамен Филипов, правник во
пензија, познат и како човекот кој поднесе најмногу иницијативи пред Уставен
суд на Република Македонија за преиспитување уставноста на многу закони и
законски решенија.Филипов до судот, во текот на своите пензионерски денови
поднесе 1200 претставки , од кои дури 308 му биле прифатени.Филипов беше
пензиониран правник од АРМ со чин потполковник и уживаше голема почит меѓу
своите колеги. Тој пред Уставен суд ги оспоруваше Законот за лустрација ,
законот за измени на ДДВ, и многу друг.