дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН -19 МАРТ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН -19 МАРТ

0

-Денеска е светски ден на ластовичките

-19 март 1903.- Легендарниот македонски револуционер Гоце Делчев со својата чета го разурнал тунелот кај реката Ангиста, Серско, во Егејска Македонија. Тоа била последната негова акција против османлиската власт пред неговата смрт.

-19 март 1907г.Скопје и скопската околија ги зафатила голема поплаваа и направила големи штети.

19 март 1925.- Во Прилеп е роден Јордан Грабулоски, македонски скулптор, еден од најистакнатите македонски уметници познат по своите дела не само во земјата туку и во странство. Од неговите дела, со својата грандиозност, убавина и посетеност, посебно место зазема Споменикот посветен на Народноослободителната борба и Илинденското востание во Крушево, свечено отворен на 2 август 1974 година. Умрел во Скопје, на 26 мај 1986 година.

-19 март 1943. – Во Струмица е роден Митко Маџунков, македонски романсиер, раскажувач, драмски автор и есеист. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград, на групата светка книжевност со теорија на книжевноста, по што останал да живее во Белград и долго време работел како библиотекар. Во 1970 година станал член на Здружението на писатели на Србија, од 1986 година е член на Друштвото на писателите на Македонија. Во 2003 година бил избран за член на МАНУ надвор од работниот состав, а во 2007 станал редовен член на МАНУ.

-19 март 1982.- Во Скопје умрел Адем Гајтани, писател и преведувач од албанска етничка заедница во Македонија. Автор бил на книгите „Светлина на срцето“, „Морска ѕвезда“, „Лебедова песна“ и други. Роден бил во селото Подуево, Косово, на 21 јули 1939 година.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version