дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН 22 ЈАНУАРИ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 22 ЈАНУАРИ

0

-22 јануари 2001 година, со рачен ракетен фрлач и автоматско оружје беше нападната полициската станица Теарце во близина на Тетово. Настанот се смета како почеток на војната во 2001 година.Во оваа заседа загинува полицаецот МОМИР СТОЈАНОВСКИ (†31), а тројца беа ранети. Постхумно е одликуван со медал за храброст од страна на Претседателот на Македонија.

-22 јануари 1945 година По изречената смртна пресуда од страна на Народниот суд во Кавадарци е стрелан полковникот Љубен Апостолов, командант на 56 пешадиски полк на бугарската армија. Tој беше директно одговорен за спроведувањето на Јунската офанзива од 6 до 16 јуни 1943 година во Тиквешко и одговорен за стрелањето на 12-те ваташки младинци на 16 јуни 1943 година.

* 22 јануари 1978.- Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита била остварена “операцијата снабдување”. По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж “Прогрес – 1” автоматски се споил со системот “Саљут – 6” – “Сојуз – 27”. Ова летало однесло во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите.

22 јануари 1997.- Во Загреб умре Ордан Петлески, македонски академски сликар. Роден е во Прилеп на 24 август 1930 година.

-22 јануари 2001.- Умрел Радослав Стојанов – Раде, солист, водач на виолончелистите на оркестарот на Операта на Македонскиот народен театар. Роден бил во 1949 година.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version