дома ЗАБАВА Занимливости Село со најмногу музеи во Македонија

Село со најмногу музеи во Македонија

0

Ако Скопје има осум музеи, а Охрид четири, Битола два, а останатите помали градови по еден. Но едно мало село од 200-300 жители има дури пет. 

Горно Врановци е познатото село-музеј, со многу повеќе историја отколку што може да се очекува од еден таков изолиран крај. Но токму тоа била неговата предност во историјата што го направила славно.

За време на  Втората светска војна, ова мало селце на некој начин било главниот град на Македонија. Тука бил Президиумот на АСНОМ, значи државното собрание, Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, која била еден вид влада, Главниот штаб на НОБ, како денешен генералштаб, и ОЗНА, разузнавачката служба.

По конечното ослободување, сите тие институции се префрлиле во Скопје и таму функционирале. Но куќите во Горно Врановци, каде што биле сместени, денес се нивни спомен-музеи. Заштитени и одржани, го чуваат споменот на таа борба.

Музеите се мали, главно полни со стари документи или копии, големи фотографии од славното борбено минато и понекое парче оружје што го користеле партизаните..

Петтиот музеј е поинаков. Тоа е печатницата во која бил испечатен првиот број на дневниот весник „Нова Македонија“. Внатре е печатарската машина тешка еден тон, која партизаните кришум ја носеле в раце од Скопје до таму, преку планини и долини.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version