дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН -31 ЈУЛИ.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН -31 ЈУЛИ.

0

НА ДЕНЕШЕН ДЕН -31 ЈУЛИ.

*31 ЈУЛИ 2001.- Во Тетовско, од нападот  врз полициски пункт кај Радио Тетово, загина Цоки Стојановски (на 28 г.) од Тетово, припадник на МВР.

*31 јули  904 Солун бил освоен и уништен од Арапите. Околу 20.000, претежно млади, биле одведени во ропство.

*31 јули 1907 г. Пандо Кљашев загинал со целата своја чета на 31 јули 1907 година во борба со турска војска над селото Дреновени, Костурско. Со него загинале Никола Михов, Лазар Палчев од Врбник, Петар Клајнев , Нумо Марковски од Косинец и Васил Хаџипавлов од Желево. За време на Илинденското востание во 1903 година, војводата Пандо Кљашев како член на Горското началство на Костурскиот револуционерен реон, се борел во Костурско-леринскиот регион. Тој учествувал во повеќе битки меѓу кои и во нападот на турската војска кај село Вишени и во ослободувањето на градчињата Клисура и Невеска.

*31 јули 1908 По победата на Младотурската револуција, Јане Сандански упатува „Манифест до сите народности во Османската империја“.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version