Христовски Гордијан доби повик за настап во репрезентацијата до 19 години на Македонија.
Новиот в.д селектор на селекцијата до 19 години, Влатко Гроздановски испрати повик за Христовски Гордијан за настап на престојните два пријателски натпревари против репрезентација на БиХ закажани за 9. и за 12. март.
Гордијан е роден на 21 април 2003 година во Скопје ,живее во Кадино-Илинден.
Тој потекнува од една од најспортските (најфудбалските фамилии од нашата средина Ристовски односно Христовски од Бунарџик) ,од која произлегле многу прволигашки фудбалери и македонски фудбалски и и ракометни репрезентативци.
Уште од најмала возраст Гордијан потикнат од повозрасните фудбалери од неговата поширока фамилија и тој пројави интерес кон спортот ,поточно кон фудбалот.
Во 2009 година стана член на ФК „Металург“-Скопје ,каде остана до 2016година .
Потоа фудбалските вештини ги изучува во Академијата на ФФМ,генерација -2003,тој е единствен што од сите населени места од нашата општина што во последниве 2-3 години стана член на Академијата.
Настапува на позицијата последен везни стопер за репрезентацијата на Македонија ,генерација -2003
Како надежен фудбалер Гордијан стана и стипендист за талантирани спортисти-Спортска надеж,на Агенцијата за млади и спорт на Македонија.
Ова е голем успех за Гордијан ,ама и на неговите клубови каде што го учеше фудбалот ,особено во сегашниот ФК Кадино ,каде доживеа полна фудбалска афирмација.
Населба Илинден на Гордијан му посакува успешна фудбалска кариерa.
