дома СПОРТ Истакнати спортисти Чедо Ристовски-фудбал

Чедо Ристовски-фудбал

0

Чедомир Ристовски –поранешен фудбалер

Потекнува од најспортската галабија во нашата средина ,од Златанови(Ристовски и Христовски)од Бунаеџик.

Од овој род поединци спортисти ги има во сите спортски дисциплини но најмногу  во фудбалот (и во машки и во женски),ракометот и други.

Во фудбалот поединци од овој род настапувале во сите фудбалски лиги што постојат во Македонија ,а неколкумина и за Македонската фудбалската репрезентација.

Но, да се задржиме на Чедо ,како натпросечно дете за фудбалски вештини  тој започна директно во најтрофејниот наш фудбалски тим Вардар,во младинските категории.

Како младидинец за Вардар и Македонија настапувал на многу турнири во поранешната држава.

Но, по едно негово разочорување од односите во селектрирањето на младинците за настапи во Вардар,тој едноставно прекинува со фудбалот .

По одредена  пауза надвор од фудбалскиот терен,Чедо на инсистирање на Златко Илиевски и Јосиф Сребров се враќа на фудбалот и настапува за ФК Скопје.

По извесно време ја менува средината и преоѓа во соседниот Металург.

По неколку годишно настапување за ФК Металург ,ја прифаќа поканата и преоѓа да настапува за ФК Куманово .

Својата фудбалската кариера ја заврши во ФК Илинден.

Во дресот на ФК Бунарџик

Инаку , во најрана возраст во години на кои не се дозволува на младите да настапуваат во сениорски екипи  ,Чедо со неговите 15-16 години под туѓа книшка настапувал за Бунарџик.

Чедо,постигна многу во фудбалот,но сепак можеше многу повеќе !!!

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version