Дарко Јанев,ракометар.
Роден е на 02-12-1986 година,потекнува од Неготино,денес живее во Населба Илинден.
Првите почетоци со ракометот Дарко ги започнал во неговиот роден Град Неготино,потоа се зачленил во РК Пелистер од Битола ,кој му е матичен клуб.
По личната афирмација како ракометар во Пелистер, за Дарко се заинтересирале многу тогашни прволигашки ракометни клубови од Македонија.
Тој својата богата ракометна кариера продолжил да ја стекнува и надоградува играјќи во:РК Вардар,РК Куманово,РК Зонимак –Струмица,РК Борец-Велес,РК Пролет,РК Охрид и други. Настапуваше на позицијата Пикер.
Покрај настапите во многуте македонски ракометни прволигаши Дарко настапуваше и за јуниорската репрезентација на Македонија на светското првенство во Охрид во 2007година.
А, во еден период настапуваше и за сениорската репрезентација на Македонија.
Со екипата на РК Вардар е освојувач на купот и првенство на Македонија
Прогласн е за најдобар Спортист- Ракометр на Град Куманово во 2012 година.
Како играч на повеќе ракометни македонски прволигаши настапувал на многу европски натпреварувања ,каде се стекнал со меѓународно искуство.
Така за Дарко пројавиле интерес повеќе европски и други клубови ,сепак изборот да замине во странство паднал на AL-ARABI – QATAR,каде настапувал во 2012година.
По завршување на ракометната кариера Дарко ,љубовната патека го довела да стане жител на населба Илинден,а за тоа најголем „кривец“е нашата сограѓанка Александра,денес негова сопруга.
Инаку Александра ,поранешна ракометарка на славниот Кометал Ѓорче Петров ,пред 12 години ја основа ракометната школа Илинден.
РК Илинден денес е под водство на Дарко и Александра ,школа низ која поминале многу наши млади ,денес стандардни ракометари во повеќе ракометни клубови во Скопје.
Со екипата на РК Илинден овој брачен пар вљубеници во ракометот постигнуваат видни резултати како:Две трети места и две втори места на Вардар турнирите,РК Илинден бил освојувач на Вардар лигата,прво место генерација 2004/05 ,сезона 2016/17г.
Исто така, оваа година на турнирот Илинден -2017г.,РК Илинден го освои првото место во многу силна конкуренција .
Населба Илинден на Дарко му посакува успешна тренерска кариера!