дома СПОРТ Истакнати спортисти Давид Савревски-Ракометар

Давид Савревски-Ракометар

0

По Гоце Георгиевски, Дарко Јанев,Жарко Пешевски ,Илинден добива уште еден ракометен репрезентативец.

Станува забор за Давид Савревски,  играч за кој ракометните стручњаци  најавуваат  успешна ракометна кариера .

Давид  настапува на десната бековска позиција и претставува голема опасност за противничките екипи. Располага со висок одраз и силен удар и  се смета за голем потенцијал на Вардар и македонскиот ракомет.

Заинтересираноста за ракометот ја доби уште на 9 годишна возраст.За прв пат започна да тренира во ракометниот клуб „РК Илинден”, каде што негови  први тренери беа Дарко Јанев,Александра Јанев и Александа Кузмановска.

По неколку години покажан напредок беше одбран во селекцијата и продолжи да тренира во „РК Вардар”, каде што во почетокот тренер му беше Андријана Будимир а потоа и Аце Станковски.

По пет години потпиша договор со „Вардар 1961″

Денес како позајмица игра за „Работнички”,каде што  тренери му се Столе Петрушевски и Пепи Манасков..

Негавата игра беше забележана од селекторот на Македонската Ракометна Репрезентација Кире Лазаров и оваа година Давид  се најде на поширокиот список за сениорската репрезентацијa, со голема  надеж и дека набргу ќе заигра за Македонија.

Населба Илинден му посакува успех во кариерата.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version