Роден на 16 јули 1982 ,живее во Марино-Илинден.
Со првите фудбалски вештини се стекна во своето ОО У Гоце Делчев –населба Илинден ,а потоа истите беа надградени во младинските школи во ФК Металург и ФК Работнички од Скопје.
Со фудбал започна да се занимава на својата 17 годишна возраст во ФК Марино.
Неговите квалитети како фудбалер беа забележани овеќе фудбалски стратези,така што Дејан стана мета на многу клубови кои сакаа да го видат во својата средина.
Така тој најпрво се префрли во воФК Гоце Делчев и само по една сезона да премине во ФК Скопје ,а потоа во ФК Илинден,каде остана неколку сезони.

Од 2003 година премина во ФК Кадино ,каде и најмногу се задржа, завршувајќи ја својата својата фудбалска кариера,настапувајќи со неколку големи фудбалски имиња во истоимениот клуб.
Во долгата фудбалска кариера настапувал на повеќе позиции ,но негова позиција воглавно беше крилната позиција .
Во неколку сезони успешно се снаоѓаше во капитенската улога во ФК Кадино.
Денес своето фудбалско познавање го пренесува на помладите како член на стручниот штаб на второлигашот ФК Кадино.