дома СПОРТ Истакнати спортисти ЛУКА ТРИФУНОВИЌ-БОКСЕР

ЛУКА ТРИФУНОВИЌ-БОКСЕР

0

Лука -Боксерскиот тајфун од нашата населба ,здраво гази во рингот , по неодамнешниот успех денес уште еднаш го докажа својот талент .

Имено на вчерашниот меѓународен боксерски турнир „Арена Куп“2023, каде  настапија боксери од Македонија, Косово, Албанија и Бугарија,Лука постигна голем успех.

Во силна меѓународна кункуренција Лука Трифуновиќ го освои првото место во својата категорија до 16 годишна возраст.

Покрај тоа Лука беше прогласен и за најфер плеј  боксер на турнирот.

Турнирот беше одржан во Скопје во СЦ„ Борис Трајковски “ во организација на Б.К. Чаир.

Во оваа прилика нашиот боксер искажа голема благодарност кон  сите кои му пружат подршка, а особено се заблагодарува за довербата што ја има Боксерската Федерација на Македонија односно нејзините функционери Примислав Димовски и Фатон Салиху.

Исто така  Лука  искажува голема благодарност кон своите тренери Тони Насковки и Дарко Симуноски и својот матичен клуб, Б.К „Илинден“-населба Илинден..

Населба Илинден  на  Лука му посакува успешна боксерска кариера!

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version