Марио Младеновски живее во Мршевци-Илинден, со фудбал започнал да се занимава на мала возраст, во младинската фудбалска школа на Ф.К Илинден,а прв негов тренер беше Сашо Рајатоски.
Потоа премина во екипата на Металург во која играше 3 години,каде фудбалските вештини стекнати во ФК Илинден успешно ги надградуваше со тренерите Саше Караџов и Драган Гаге Стефановски.

По поминатите 3 години во Металург премина во ФК Вардар во кадети 1 година и уште една година во младинци.
Во младинската школа на ФК Вардар Марио фудбалските вештини ги усовршуваше со советите од тренерите,Влатко Колев,Раденко Бојовиќ и Сашo Тодоровски-рап тап.
Настапува на позицијата Штопер
Идол му е ВирџилВан Дајк
Денес Марио настапува за првата екипа на Ф.К.Вардар.а сега тренер му е Александар Васовски.