дома СПОРТ Истакнати спортисти Мартин Антевски – ММА Борач

Мартин Антевски – ММА Борач

0

Мартин  потекнува од Куманово, израснат во с. Бујковци – Илинден и Скопје, денес престојува на Малта каде и се занимава со овој спорт.

Инаку за пошироката јавност Мартин познат под псевдонимот “Tornado MMA” ,секогаш кога настапува тој ја претставува нашата татковина Македонија во најдобро можно светло.

Настапува со Македонските симболи и името Македонија,Мартин го освојува ММА светот и не прави сите нас горди да сме Македонци.

Тој за кратко време занимавајќи се со овој спорт има  постигнато многу и на пат е да постигне одлични  резултати во овој спорт.

Негова мотивација е неговата мала ќерка и верба во Бога цел, а зацртана цел му е  е да биде прв Македонец кој се натпреварува во популарното UFC.

Инаку ,Мартин сега сите активности ги насочува кон идната  интернационална борба за титула на Малта,што му престои на 16 Март 2023,во категорија до 80 кг.

Во таа борба противник на  нашиот МАРТИН АНТЕВСКИ ќе му биде Италијанецот ALLESIO RACITI

 Во оваа прилика тој упатува поздрави до неговото семејство,Бујковци,Илинден,Скопје и Македонија, посебно до навивачката група на ФК Ваедар КОМИТИ,каде и членуваше додека не замина за Малта.

Населба Илинден  на Мартин му посакува успешен настап и освојување на титулата на Малта во споменатата категорија.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version