УСПЕШНИ НАШИ СПОРТИСТИ, КИРИЛ МАРКОВСКИ-Велосипедист.
Изминатиов викенд во организација на „Прв до Врв“и општината Тетово, се одржа планинска велосипедска трка на Попова Шапка.
Иако трката не се рангираше на ранг листата на Велосипедската Федерација на Македонија ,сепак истата беше подржана од голем број велосипедисти ,пред се поради големиот предизвик како прва таква трка на Попова Шапка.
Меѓу бројните учесници на трката трумфираше нашиот Кирил Марковски од Миладиновци ,освојувајќи го првото место.
Инаку вакви трки досега се одржуваа само на Водно-Скопје.
На Кирил Марковски ,му посакуваме уште поголеми успеси ,меѓу другите и на престојниот „Спортски викенд“,што ќе се одржи на 21 -22 јули оваа година низ Илинден.
