дома СПОРТ Истакнати спортисти Сара Ристовска е прогласена за најдобар спортист на Македонија во 2018 година

Сара Ристовска е прогласена за најдобар спортист на Македонија во 2018 година

0

Довчерашната вардарка, Сара Ристовска е прогласена за најдобар спортист на Македонија во 2018 година

Инаку, да потсетиме дека Сара Ристовска,потекнува од нашава средина од Бунарџик-Илинден.
Поранешната ракометарка на Вардар, Сара Ристовска заедно со каратистот Емил Павлов се прогласени за најдобри спортисти на Македонија за 2018 година.
Македонската репрезентативка, Сара Ристовска во годината која полека изминува ја освои двојната круна со вардарки во домашните натпреварувања ( лигата и купот), успеа да стане шампион на регионалната лига и играше во финалето од Лигата на Шампионите. Летово, Ристовска направи трансфер и се пресели во екипата на Крим од Словенија. Исто така со репрезентацијата на Македонија успеа да се пласира во баражот за пласман на СП во 2019 година.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version