дома СПОРТ Млади спортисти Александар Анѓеловски-ракомет

Александар Анѓеловски-ракомет

0
Александар Анѓеловски- ракометар
Роден е на 02-05-2004 во Скопје, живее во населба Илинден, Ученик во ОУ Гоце Делчев,населба Илинден
Со ракомет се занимава веќе 2 ипол години. Првите ракометни чекори ги направи во ракометната школа ,под раководство на нашата ракометарка Фросина Крстевска,.
По извесно време со ракомет продолжи во ракометниот клуб Илинден-Вардар, под раководство на нашите тренери Александра и Дарко Јаневи ,каде настапуваше на позицијата голман.
Во РК Илинден-Вардар ,ги надогради првичните ракометни сознанија ,со клубот учествуваа на турнирот „Еден Живот Една Љубов“, организиран од страна на Вардар, каде како екипа прикажаа добра игра и победи на сите 5 натпревари.
Сепак од ден на ден,желбата за настапи во поголем ракометен клуб му беше се поголема , и по извесно време тоа му се оствари ,преминувајќи во повеќекратниот шампион на Македонија РК „Металург“-Скопје.
Каде настапува на позиција среден бек.
Преку напорните тренинзи и честите пријателски натпревари и натпреварувањето во Мини Лига каде што учествуваат сите школи на Металург ,го формира својот ракометен ков , а во иднина се гледа како првотимец на Металург и дел од македонската репрезентација.
Идоли ми се Кирил Лазаров и Микел Хансен.
Инаку ,Александар потекнува од спортско семејство ,татко му Горан беше стандарден фудбалер на ФК “Илинден“,брат му Христијан е исто така ракометар во Металург.
Населба Илинден на Александар му посакува успешна ракометна кариера.

 

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version