Сандра Јовевска-ракометар
Родена на 18 мај 2002 година во Скопје ,живее во населба Илинден ,ученичка во ООУ„Гоце Делчев“-населба Илинден.
Со ракомет започна да занимва на 10 годишна возраст во РК „Илинден“-населба Илинден , а минатата сезона настапуваше за РК Кузман Вардар. Според неа Јуниор лигата е одлична можност за секој млад ракометар да ги покаже своите квалитети, да стекне нови пријателства, да ги исполни своите соништа и сл. “Вардар Јуниор“ лигата и оставила одлични впечатоци и за лигата вели дека е одлично организирана. Истата, како на многу други нејзини соиграчи ,така и неа и овозможи да го исполни својот сон и да заигра за екипата на РК Вардар-Скопје.
Настапите во „Јуниор Лигата“за неа и за нејзината досегашна екипа РК Кузман Вардар помина одлично ,задоволна е од игрите и постигнатите резултати за кои најзаслужни за тоа се тренери Александра Кузмановска и Александар Савов.
Сандра беше меѓу кандидатите и потајно очекуваше дека ќе биде повикана ,ама секогаш во вакви состојби има нешто што кандидатите со страв и надеж го очекуваат,таа напнатостост беше присутна и кај неа. Неизвесноста набрзо беше заменета,со веста од нејзиниот тренер, дека и таа е примена во Вардар, за Сандра ова беше многу голема радост и иден предиззвик. Сандра веќе успешно се вклучи во подготовките со пионерките на РК Вардар ,а тие течат одлично. Таа веќе добро се вклопи во новата средина и очекува дека следната сезона како член на РК Вардар ќе биде многу успешна,за неа и екипата за која настапува. Настапува на позицијата центар.
Населба Илинден на Сандра Јовевска и посакува успешна ракометна кариера!
