Ацо Анастасов, наш сограѓанин, со меѓународно признание, како основач на таеквондо спортот во Македонија, се здоби со меѓународен сертификат за лидерство и беше примен во куќата на славните за овој спорт.
Роден во1966г.во Свети Николе ,а во 1975г .се доселил со неговото семејство во Илинден ,каде и денес живее.Со каратето ,како боречка вештина ,започнал да се занимава во 1978г.под водство на тренерот –мајсторот Славе Пашовски.Ацо Анастасов набргу стана носител на шести дан мајсторски степен во карате спортот,а бил неколку кратен шампион на Македонија.Подоцна започнал да се занимава со таеквондото како нов вид спорт и по неколкугодишно тренирање ширум поранешна Југославија ,се стекнува со инструкторски степен . Ацо е носител на 6 дан мајсторски степен ,а беше и Претседател на македонската таеквондо федерација ди 2014 година .Како водач на македонската национална таеквондо репрезентација има учествувано на повеќе балкански ,европски и светски првенства .
Инаку во 1993г , тој го формира таеквондо клубот Младост , со седиште во населба Илинден. Ацо Анастасов воедно е и основач на таеквондо спортот во Р.Македонија и тренер на Македонската таеквондо репрезентација . Таеквондо клубот Младост од Илинден ,на почетокот односно до пуштањето во употреба на новата спортска сала работеше во спортската сала на ОУ Гоце Делчев во н.Илинден. До сега низ него имаат поминато голем број на ученици од кои некои и ден денес се занимаваат со таеквондо спортот,голем број се здобија со мајсторски појаси, некои од нив се тренери,судии а поголем број членови на Македонската таеквондо репрезентација.
Таеквондо клубот Младост има доста спортски резултати, во периодот од 2000 до денес постојано на сите домашни натпревари го освојува трофејот за прво место екипно. Но вистинските резултати доаѓаат од 2008 година кога се створи една прекрасна генерација на млади спортисти спремни за посилен тип на натпревари. Оваа екипа со своите резултати го избори своето место во Националниот тим на нашата земја и цели две години комплетниот тим на Р.Македонија беше составен од натпреварувачите на таеквондо клубот Младост од н.Илинден.Таеквондо клубот Младост под водство на Ацо Анастасов многу години доминира на домашните првенства.
Македонската таеквондо репрезентација во многу години наназад доминираа членовите од Младост од Илинден постигнаа одлични резултати на балканските,европските и светските таеквондо првенства кои се одржале во Романија ,Србија ,Грција ,Турција и други земји освојувај ќи многу златни,сребрени и бронзани медали.
Денес под водство на Ацо Анастасов работат многу таеквондо клубови во Илинден,Петровец и Скопје .Неговото спортско дело е многу големо ,а посебно треба да се цени опфатот на младите да се бават со спорт и да се оттргнат од многуте пороци на кои се изложени на секој чекор.