дома СПОРТ Спортски легенди Валентина Радуловиќ-ракомет

Валентина Радуловиќ-ракомет

0

Валентина Радуловиќ,родена во Скопје жител на населеното место Мршевци,поранешна ракометарка на,Кометал-Ѓорче Петров и други клубови од земјата и странство ,беше стандарден член на македонската ракометна репрезентација е најуспешна спортистка од нашата средина и има најголем спортски успех на домашен и меѓународен план .
Повеќе за Валентина Радуловиќ , ќе Ве запознаеме од нејзиното интервју ,дадено за Мрежа.мк ,кое Ви го пренесуваме во целост.
Валентина Радуловиќ поранешна е македонска ракометарка и репрезентативка на Македонија. Во својата кариера играше во РК Кометал Ѓорче Петров, Хипо и Шлагелсе. Радуловиќ кариерата ја заврши во РК Кометал Ѓорче Петров. Позиција во тимот и е десно/лево крило.
Мрежа: Кој беше мотивот да тренираш ракомет?
Валентина Радуловиќ: Уште како мала бев многу темпераментна и тато и мама имаа многу незгодности со мене во позитива(неможеа да ме соберат дома)бев нон стоп со топка. Во основно професорот по физичко Живко направи екипа по ракомет во која и јас се пријавив да се натпреварувам за школо. Имавме тренинг во 6 наутро а мене тоа не ми беше проблем зошто сакав топка и бргу научив и за школото освоивме 2 место.
Мрежа: Каков е патот до успехот,и како е да се биде на врвот?
Валентина Радуловиќ: Во секоја професија за да успееш патот е многу тежок ,но ако работата се сака и тоа што го работиш го работиш со задоволство и љубов лесно се дојде до врвот а кога ке стигнеш до врвот чувството е прекрасно но и поголеми одговорности да се задржиш.
Мрежа: Која тие најдрага победа,а најтежок пораз?
Валентина Радуловиќ: Најдрага победа не е само една туку две:освојување двапати лига на шампиони и тоа прпат против Крим а вторпат против Кометал.Тешки натпревари има многу а тоа се поразите од сите екипи, а мразам кога губам!!!!!
Мрежа: Против која ракометарка ти беше најтешко да играш?
Валентина Радуловиќ: Јас сум играч кој кога ке влезе на терен влегува со парола играм да победам и играм против сите.
Мрежа: Дали е полесно да го освоите светот или срцата на фановите ?!
Валентина Радуловиќ: Кога веке се одлучив да бидам ракометарка најбитно ми било тоа што јас го играм и покажувам на терен да го прифатат и сакаат и другите тоа значи дека фановите ми се на прво место.
Мрежа: Што може да ја изнервира на теренот Валентина?
Валентина Радуловиќ: Јас кажав дека само изгубен натпревар ме прави нервозна дури и судијата кога ми давал две минути со насмевка го поздравув па затоа и сите фанови ме препознаваа по насмевката.

Мрежа: Колку врниот ракомет зема данок ?
Валентина Радуловиќ: Ова е најтешкото прашање што треба да дадам одговор. За да бидеш успешен спортист има многу одрекувања во животот.Зборам за мојата фамилија.Кога си им најпотребен те нема или кога тебе ти се потребни не се до тебе.
Мрежа: Интернацинално искуство што значи за ракометарите,а колку ти смета одалеченоста од најблиските?
Валентина Радуловиќ: Успех за секој спортист е да игра за најјаките клубови во Европа. Тоа ми се случи и мене заминувајки во Хипо Виена. Бев радосна но и многу тажна зосто се одвојувам од мама и тато но добив голема поддршка од нив и така успеав надвор.
Мрежа: Хипо,Шлагелсе каде подобро се адаптира?
Валентина Радуловиќ: Јас сум како човек позитивен неможам да кажам дали Хипо или Шлагелсе ме прифатија како да сум одамна нивен член.
Мрежа: Колку врвниот ракометар како вас губи на приватен план и што сметате дека сте загубиле најдрагоцено ?!
Валентина Радуловиќ: Кажав дека ракометот и воопшто спортот има многу одрекувања како од фамилијата така и од пријателите.
Мрежа: Репрезентативно искуство и колку значи за ракометарите?
Валентина Радуловиќ: За да се носи националниот дрес е голем предизвик и уште поголема чест да се бранат боите на својата држава. Искрено да кажам најдраго ми е кога стојам и ја пеам својата химна е тогаш сум најгорда Македонка.
Мрежа: И за на крај што имаш да ги советуваш младите кои денеска влагааат во светот на ракометот?
Валентина Радуловиќ: Оваа порака ми е најважна и со голема љубов кон сите што го сакаат спортот им препорачувам да се биде спортист е најдоброто нешто во нивниот живот. Пред се во здраво тело здрав дух!!!!

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version