дома СПОРТ Спортски легенди Љупчо Кметовски-поранешен фудбалер,денес тренер

Љупчо Кметовски-поранешен фудбалер,денес тренер

0

ЉУПЧО КМЕТОВСКИ-РАКУШ- се стекна со УЕФА-А, тренерска диплома

Шест тренери на голмани, Саша Илиќ, Горан Симов, Љупчо Кметовски, Пеце Коруновски, Филип Маџовски и Томе Пандев и трoјца инструктори за тренери на голмани, Данчо Целески, Зоран Мицевски и Суат Зендели ги добија своите дипломи и лиценци откако успешно го комплетираа курсот за тренери и инструктори за стекнување УЕФА А диплома.

Честитки за сите!

Но за нас е  особено важно што помеѓу успешните е  и  нашиот Љупчо Кметовски-Ракуш.

Инаку,Љупчо Кметовски е роден во 1972 година. Имал богата и успешна фудбалска  кариера како голман во многу фудбалски клубови во Македанија. Неговите почетоци се врзуваат со ФК “Илинден“. Тука, неговиот талент беше многу брзо забележан од многу фудбалски менаџери, кои, просто се „грабаа“ кој да го земе во своите редови. Така, во својата долгогодишна фудбалска кариера Љ. Кметовски настапуваше во многу клубови и тоа: ФК “Илинден“, ФК “Балкан“, ФК “Работнички“, ФК “Цементарница“, ФК “Вардар“, ФК “Милано“, ФК “Куманово“ и ФК “Тетекс-Тетово“. Неговите фудбалски квалитети беа забележани од селекторите на Фудбалската репрезентација на Македонија, така што во еден период беше стандарден голман на репрезентацијата на Македонија.

Во својата долгогодишна кариера има постигнато видни резултати и тоа: во сезоната 2002-2003 година, со ФК “Цементарница“ го освои фудбалскиот куп на Македонија, во сезоната 2007-2008 година, со ФК “Работнички“ го освои фудбалското првенство и фудбалскиот куп на Македонија, во сезоната 2009-2010 година, со ФК “Тетекс“ го освои фудбалскиот куп на Македонија, а во 2010-2011 година, со ФК “Металург“ го освои фудбалскиот куп на Македонија. Својата фудбалска кариера подоцна ја замени со тренерерскиот позив, најпрво во ФК “Тетекс“, а денес во ФК “Металург“. Во сезоната 2012-2013 година, како тренер на кадетската и младинската екипа на ФК “Металург“ го освои фудбалскиот куп на Македонија.

По завршување на фудбалската кариера Љупчо неколку години работеше со младите идни голмански надежи во младинските категории на ФК Вардар-Скопје.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version