*17 август 986.- Во Ихтиманскиот премин (Тројанова Врата), византискиот цар Василиј Втори претрпе пораз во борбата со војската на македонскиот цар Самуил кој продолжи со нови освојувања се до 991 година.

*17 август 1943.- Во Штип, во борба против бугарската полиција, загина Славчо Стојменски, народен херој. Роден е во Штип, на 16 октомври 1921 година
*17 август 1878.- Во селото Ново Село, Штипско, е роден Славејко Арсов, македонски револуционер и војвода во Битолскиот револуционерен округ, беше соработник на Гоце Делчев и учесник на Смилевскиот конгрес во мај 1903 година, како и во Илинденското востание од 1903 година. На врвот Лингура, кај селото Долно Ѓуѓанце, Светиниколско, во борба против турската војска загина на 22 јуни 1904 година
*17 август 1902.- Во Прилеп е роден Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Тој се бореше за правата и за слободата на македонскиот народ, за вистината за Македонија. Поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на ДФ Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, беше осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години. Во октомври 1990 година е рехабилитиран. Умре во Прилеп, на 24 јули 1957 година.
*17 август 1903.- Во месноста Бигла, близу до селото Арменско, Егејска Македонија, здружените лерински и костурски одреди на македонските востаници извојуваа голема победа над турската војска и го десеткуваа турскиот гарнизон. Својот бес по поразот непријателот го истури врз Арменско. Селото беше опожарено, а околу 130 жени, деца и старци беа убиени и масакрирани.
*17 август 1927 година нa фудбaлскoтo игрaлиште вo Делчевo, тогашно Царево село, биле пoстaвени првите мрежи нa гoлoвите и сo пилевинa oбележенo игрaлиштетo.
*17 август 1994.- Во Охрид почна Првиот фестивал на новосоздадени македонски староградски трубадурски песни „Охридски трубадури ’94“.
*17 август 1995.- Во Скопје, во издание на Министерството за одбрана на Република Македонија, како прилог на весникот „Вечер“, излезе првиот број на „Армиски збор“, весник на Армијата на Република Македонија.