дома ЗАБАВА Занимливости СТЕНЕЧКИТЕ ВОДОПАДИ-Крива Паланка

СТЕНЕЧКИТЕ ВОДОПАДИ-Крива Паланка

0

Водопадите се наоѓаат во северниот дел на Осоговските Планини, кај с. Станци, јужно од Крива Паланка.

Амбиентот го красат два водопади, едниот е висок 9 метри а другиот 11 метри.

Поголемиот, Долен водопад  функционира во текот на целата година.Неговата височина изнесува 11 м, по што е најголем постојан водопад на Осоговските Планини.

Инаку водопадот е релативно пристапен и се наоѓа во густа букова шума, што заедно со противодно по реката, кон повисоките делови има уште неколку мали водопади кои го надополнуваат амбиентот.

Долината на Козја Река е тесна и на одредени места скоро вертикална со изглед на мал кањон, па искачувањето по неа е доста тешко. Кон исток, долината стрмно се издига кон билото на Калин Камен на околу 1800 м и понатаму кон Царев Врв, што може да биде интересна рута за планинарење.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version