дома ЗАБАВА Занимливости Маска на срамот

Маска на срамот

0

Станува збор за железна „муцка“ затворена во железна рамка која ја опкружувала главата на обвинетата жена, како маска. Главната намера на уредот била физички да се спречи лицето да зборува со употреба на едно парче, наречено „лигавка“, кое било ставено во устата на жената и притиснато на јазикот.

Оваа форма на казна, исто така, вклучувала и јавно понижување, бидејќи жената ја воделе на поводник, во повеќето случаи од страна на нејзиниот сопруг, низ градот за да привлече внимание. Публиката најчесто ја навредувала жената или плукале на неа. Насилството кон жртвата не било обесхрабрено.

Една од најраните регистрирани употреби на оваа практика се случила во Шкотска во 1567 година, но веројатно се користела и во Англија и Велс околу тоа време.

Исто така „Маската на срамот“ се употребувала и во Германија

Интересно е тоа што казната се применувала исклучиво за жени (и ретко мажи) од пониска општествена класа, додека членовите на судот и друга аристократија неофицијално добиле дозвола да оговараат без страв дека ќе бидат толку строго казнети.

 

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version