Меѓународниот фестивал “Џипси-Фестивал“ – ќе се вика „Есма-Фест“
На манифестацијата каде славната Есма Реџепова беше честа гостинка, сега продолжуваме со учество ние, нејзините музички наследници. Нашиот пријател Кристијан Фоцх не покани да настапиме со неколку песни и така да ги потсетиме сите обожаватели на музиката на нашата Мајка Есма. Публиката не пречека и испрати со големи овации.
Одвај си заминавме од сцената. Песните на Есма и нејзиниот глас оставија длабок траг кој не може да се избрише, таа живее и во нивните срца како и во нашите. Но, оваа соработка не завршува тука. Во план е оваа година да се организира турнеја низ целата Европа. Покрај нас од Македонија ќе настапуваат музичките групи од: Шпанија, Бугарија, Швајцарија,Србија, Турција, Унгарија, Италија,Романија,Грција… а, секако, и од далечната Индија во која исто така Есма остави траен музички белег.
Најинтересно од сè, е тоа што овој значаен Фестивал ќе се преименува во “Есма фест”. Тоа е само жив доказ дека странците ја почитуваат многу повеќе нашата Мајка Есма од нас самите, ни раскажа за “Вечер“/vecer.press Симеон Атанасов, еден од децата кои ги одгледала легендарната Есма Реџепова-Теодосиевска, при завчерашното враќање во Скопје од штотуку завршениот Голем фестивал на ромската песна. https://vecer.press/