Меѓународно признание за Есма Реџепова.

0
264

Меѓународниот фестивал “Џипси-Фестивал“ – ќе се вика „Есма-Фест“

 На манифестацијата каде славната Есма Реџепова беше честа гостинка, сега продолжуваме со учество ние, нејзините музички наследници. Нашиот пријател Кристијан Фоцх не покани да настапиме со неколку песни и така да ги потсетиме сите обожаватели на музиката на нашата Мајка Есма. Публиката не пречека и испрати со големи овации.

Одвај си заминавме од сцената. Песните на Есма и нејзиниот глас оставија длабок траг кој не може да се избрише, таа живее и во нивните срца како и во нашите. Но, оваа соработка не завршува тука. Во план е оваа година да се организира турнеја низ целата Европа. Покрај нас од Македонија ќе настапуваат музичките групи од: Шпанија, Бугарија, Швајцарија,Србија, Турција, Унгарија, Италија,Романија,Грција… а, секако, и од далечната Индија во која исто така Есма остави траен музички белег.

Најинтересно од сè, е тоа што овој значаен Фестивал ќе се преименува во “Есма фест”. Тоа е само жив доказ дека странците ја почитуваат многу повеќе нашата Мајка Есма од нас самите, ни раскажа за “Вечер“/vecer.press Симеон Атанасов, еден од децата кои ги одгледала легендарната Есма Реџепова-Теодосиевска, при завчерашното враќање во Скопје од штотуку завршениот Голем фестивал на ромската песна. https://vecer.press/

Претходниот артикал,Во близина на Кумановo„Македонската Света Гора ја крие тајната на 40 цркви“
Следната статијаСтанојко Костадиновски,поранешен фудбалер

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука