УМЕТНИК НА ДЕЛА СО ФИЛИГРАН ТЕХНИКА ОД СРМЕН КОНЕЦ
Македонската уметничка креативност најдобро е изразена во прекрасните филиграни, врвни дела на големите стари мајстори со неверојатна прецизност, деталност, богатство од форми, симболи и раскош.
Овој вид уметност ја отсликува традицијата на народната уметност,а истата ја изведува нашата сограѓанка Христина Јосимовска од с,Миладиновци-Илинден.

Таа пронајде фантастичен начин да ја пренесе убавината на македонскиот фолклор, но и елементи од модерната култура. Христина е горда мајка на две деца, успешен уметник и македонка која може да каже дека успеала нејзино дело да го има и во другите странски држави како Австралија,Америка Гермаија и сл. Со неа разговаравме за креирањето импресивни филиграни од срма, за убавината која ја опкружува и инспирира непречено да твори и со тоа да остави свој белег во македонската народна уметност на рачно изработени дела.
Филигранот е една од најстарите и најубави уметнички форми создадени од човекот. Оваа техника се користи со векови во Македонија. Но,во поново време се појави нов вид на изразување на филигранската уметност – прикажување на филигрански форми со срмен конец. Филигранот со срма е специфичен вид на уметност препознатлив само за Македонија и слободно може да се каже дека е уникатна уметничка форма.
Во делата преовладува сребрената пеперутка, павтата украс за колан на носија, ангелот, крстот, претежно мотиви од македонскиот фолклор и традиција.
Мотивите во нејзините дела се најразлични. Застапени се теми од пребогатата ризница со македонска традиција и фолклор,икони и сл но неизостануваат и
современи форми.
Особено внимание Христина посветува на оригиналноста. Со таква подготвеност секое
нејзино дело е за гордост.
Љубовта кон филигранот и се јави уште од нејзиното најрано детство. Воодушевена од филиграните сработени од старите охридски мајстори во неа ја создадоа желбата еден ден и таа да изработа таква безвременска убавина. Македонскиот фолклор и традиција се нејзината најголема инспирација.
Да се работи со оваа техника воопшто не е лесно ниту едноставно, бара исклучителна трпеливост,внимание, креативност….
Но, со секојдневна работа и експериментирање се доаѓа до усовршување на техниката .. И тоа усовршување никогаш не престанува. Секогаш постои нешто ново што може да се вметне и надгради.
Сето трпение, умешност, прецизност, оригиналност вткаени во изработката на срмениот филигран му дава личен печат, а луѓето тоа знаат да го препознаат и почитуваат.
Надвор од границите на нашата земја луѓето пополека ја осознаваат оваа прекрасна техника. Секогаш има пофални коментари бидејки особено ја почитуваат рачната уникатна изработка.
Интернетот ги прави достапни сите информации и побудува интерес кај многу луѓе од различни земји. Многу и пројавуваат желба да се изработи и со таа техника нешто од нивната култура и стара архитектура што за неа претставува вистински предизвик.
Најголема подршка за нејзиното творештво Христина ја има од нејзиното семејство. Со правилна организација на работите и давање приоритет во одредено време може се да се постигне. Христина е горда мајка е на две прекрасни деца кои веќе се пораснати и секој ја презема својата одговорност и задолжение. Секако, и нејзиниот сопруг учествува во сето тоа и се одржува речиси совршана рамнотежа. Воедно тој е и најголемиот поддржувач ,но и најголем добронамерен критичар.
Во нивното семејство се почитува и сака уметноста,покрај неа и нејзиниот татко е исто така е уметнк аматер и слика со уљани бои на платно, исто така и нејзината керка успешно ја совлада техниката со филигран – срма и веќе самостојно издработува свои дела кои мора да се признае дека веќе достигнува прецизноста и креативноста, на мајка и Христина..
Уметнички дела кои преставуваат гордост за сите жители од нашата средина.
Населба Илинден на Христина и посакува уште поуспешно творештво во иднина.